Македонија го поздрави апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, напиша шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во објава на X.
Муцунски упати пофални зборови и до американскиот секретар Марко Рубио за, како што стои во објавата, неговото лидерство во справувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на венецуелскиот претседател Мадуро.




