дома Локално Утринските температури во цела држава над нула

Утринските температури во цела држава над нула

Минималните температури денеска се над нулата во цела држава. Најладно е во Гевгелија каде утрово се измерени два степена, а најтопло во Битола каде утринската температура е 12 степени.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.

Инаку под влијание на изразена циклонска активност, времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со умерен, а наместа и засилен јужен ветер, информираат синоптичарите.

Минималните утрински температури се движат од 2 до 7 степени, додека дневните максимуми ќе достигнат од 8 до 15 степени, што создава услови за нестабилност и нагли временски промени.

Во наредните денови се очекува променливо облачно и потопло време, со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни дождови се најавуваат кон средината на следната седмица, кога ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе останат над нулата.

ПредходнаНајдолни навреди за Муцунски од српски медиум поради неговата поддршка на апсењето на Мадуро
СледнаПреминот Евзони ќе биде затворен од 17 до 21 часот, земјоделците најавуваат блокади