дома Магазин Социјалната мрежа „X“ нагласува дека „твитовите“ веќе не се „твитови“, туку …

Социјалната мрежа „X“ нагласува дека „твитовите“ веќе не се „твитови“, туку …

65

Иако многу „URL“ адреси во условите сè уште го содржат зборот „Twitter“, постојат показатели дека компанијата „X“ во целост ќе премине на „URL“ адреса која го содржи само нејзиното име.

Компанијата „X“ одлучи дефинитивно да ги остави зад себе своите корени поврзани со „Twitter“. Почнувајќи од 29-ти септември, корисниците ќе бидат известени за новите услови за користење, меѓу кои најизразена промена е замената на изразот „retweet“ со „repost“, што укажува на крајот на ерата на „твитот“. Исто така повеќе не е „tweet“, туку само „post“.

Името „Twitter“ речиси во целост е отстрането од новите услови за користење, а заменето е со името „X“. Иако многу „URL“ адреси во условите сè уште го содржат зборот „Twitter“, постојат показатели дека компанијата „X“ во целост ќе премине на „URL“ адреса која го содржи само нејзиното име. Дури и доменот „X.com“ моментално пренасочува на „twitter.com“. Не се споменува ни „Periscope“, апликација за „лајвстрим“ која „Twitter“ ја изгаси во 2021-ва година.

Во склад со овие, нови одредби во условите за користење дополнително се менува и начинот за интеракција на корисниците на платформата. Една од клучните измени се однесува на правото на корисниците да учествуваат во колективни тужби. Новите услови за користење сега јасно наведуваат дека корисниците, „во мерка дозволена со законот, се откажуваат од правото на учество како тужител или член на класа во сите наводни колективни или репрезентативни постапки“.

Сопственикот на компанијата „X“, Илон Маск, ги изразил своето негодување и кон „web scraping“-от. „Scraping“ претставува извлекување на податоци од веб страници во локални бази на податоци или табели. Во склад со тоа, условите за користење содржат строги одредби кои јасно забрануваат „scraping“ без претходна пишана согласност од компанијата.

Од 29-ти септември на сила стапува и новата политика за приватност, која најавува дека „X“ ќе го прошири обемот на податоци кои ги собира од корисниците. Овие податоци сега ќе вклучуваат и биометриски информации и работна историја на корисниците.



ПредходнаДенеска ги славиме Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски
СледнаВИДЕО I Бездомник пронашол чек на улица и ѝ го вратил на сопственичката: Она што следело потполно го запрепастил