Кумановци кои со години работеле во Ирак и Авганистан денеска повторно протестираа пред Управата за јавни приходи во Куманово против ретроактивното одданочување од 2020 година.
Бараат привремено запирање на наплатата и признавање на доказите дека работеле во странство.

Директорката на Управата за јавни приходи уверува дека нема да има двојно одданочување. Вели има уште време да се приложат доказите.
– Имајќи предвид дека граѓаните мора да обезбедат докази за работа што се случила пред пет години, а доказите ги обезбедуваат од странски земји, ќе им овозможиме да го сторат тоа. Ги повикувам сите да ги достават доказите, ќе ги разгледаме и што може да се прифати, ќе прифатиме, изјави денес Петрова.




