дома Црна хроника 35-годишна жена заврши зад решетки по повеќе апсења низ Македонија

35-годишна жена заврши зад решетки по повеќе апсења низ Македонија

75

На 11.09.2023 во 15.50 часот во с.Копаница, општина Сарај, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.С.(27) од с.Копаница. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Денеска (12.09.2023) околу 03.20 часот на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 35-годишниот Ѓ.М. од гостиварско Здуње. За него била издадена судска наредба, со која се барал како осудено лице на затворска казна од една година и шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на казната.

На 11.09.2023 околу 21.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

На 12.09.2023 околу 03.20 часот на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 38-годишниот А.Б. од гостиварска Симница. За него била распишана потерница за доиздржување на затворска казна од 1 година и 8 месеци. Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за доиздржување на казната.

На 10.09.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Џ.С.(35) од Виница. Таа се сомничи дека околу 19.30 часот влегла во куќа во село Тимјаник, неготинско и се обидела да изврши кражба. Таа била приведена во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.09.2023 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Д.(44) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.09.2023 во 09.40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле Б.Ф.(29) од Република Албанија, затоа што при извршена гранична проверка било утврдено дека на увид дал албанска патна исправа на друго име, односно дека се послужил со туѓа патна исправа. При преглед во неговиот багаж биле пронајдени и албанска возачка дозвола и дозвола за престој издадена во Шпанија на друго име. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка и врз основа на пресуда од Основен кривичен суд Скопје, од Одделението за прекуграничен криминал и миграција му била изречена казна протерување странец од Република Северна Македонија.



Предходна„Макфест 2023“ годинава настап на македонската музичка „прва лига“, неколку домашни суперѕвезди и музика за сите вкусови и возрасти
СледнаУставните измени можеби се болни, но се неопходни