дома Локално Неексплодирана минофрлачка граната пронајдена во Богданци

Неексплодирана минофрлачка граната пронајдена во Богданци

Неексплодирана минофрлачка граната од Прваta Светска Војна е пронајдена во индустрискиот дел во општина Богданци.

Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување, гранатата е 70 mm и се работи за ретка минофрлачка граната.

– Денеска, кон пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци од индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Прва Светска Војна, стои во информацијата од ДЗС.

Гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

ПредходнаОд 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони
СледнаНема веќе пушење во кафеани и ресторани, ниту во заградените тераси – подготвен е нов закон кој ги опфаќа и електронските цигари