Гласањето почнува во 7:00 часот, а избирачките места се затвораат во 19:00 часот. Гласачите на избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација.
Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места, Маврово Ростуше има 40 избирачки места, Врапчиште на 39 избирачки места a bројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562 .
Вчера во овие општини гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот на прес-конференции и преку соопштенија ќе информира за текот на гласањето и за излезноста на гласачите. Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени откако до нив ќе бидат доставени од општинските изборни комисии.





