
Слика од екранот: X
Според изворите, видеата прикажуваат тела кои биле донесени во мртовечница со пикапи. На едно од видеата, на екранот се појавува етикета „фотографија број … од 250“, што укажува на обемот на бројот на жртви, иако автентичноста и целосниот контекст на снимката сè уште не можат независно да се потврдат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕАТА СЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ, ГЛЕДАЈТЕ ги исклучиво НА СОПСТВЕН РИЗИК !!!
Сведоци: Видовме повеќе од 400 тела
Двајца сведоци кои го посетиле Кахризак во потрага по исчезнати членови на семејството изјавиле за „Иран Интернешнл“ дека таму виделе повеќе од 400 тела. Нивните сведоштва доаѓаат во време кога Иран е речиси целосно отсечен од интернет и други комуникациски канали, што го отежнува независното потврдување на информациите.
Болниците преполни со тела
Размерот на насилството е потврден и од изјавите на медицинскиот персонал. Лекар од северниот ирански град Рашт изјави за „Иран Интернешнл“ дека само една болница примила најмалку 70 тела.
Во Караџ, според истиот извор, 44 тела биле префрлени во болницата Мадани во петокот, додека уште 36 тела биле примени во болницата Гаем. Медицински извори од други градови, исто така, известија за исклучително висок број на жртви.
Иранските власти досега не објавија официјални податоци за бројот на загинати, додека државните агенции продолжуваат да ги нарекуваат демонстрантите „вооружени бунтовници“ и „терористи“.




