дома Македонија Политика МНР: Македонските граѓани веднаш да го напуштат Иран

МНР: Македонските граѓани веднаш да го напуштат Иран

Македонските граѓани кои се наоѓаат во Иран, да ја напуштат државата во прва можна и безбедна прилика, соопштуваат од МНР

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран апелираме до македонските граѓани кои се наоѓаат во Иран, да ја напуштат државата во прва можна и безбедна прилика, соопштуваат од Министерстово за надворешни работи на Македонија.

Оттаму, додаваат дека се препорачува и одложување на сите патувања кон Иран кои не се неопходни.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија стои на располагање за асистенција преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефон на ДКП на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10“ стои во соопштението од МНР.

Во Иран повеќе од две недела траат насилни протести проследени со режимско насилство каде веќе има над 600 загинати лица

ПредходнаМакедонскиот јазик го признава целиот свет. Ставот на Бугарија треба да го игнорираме
СледнаЛидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада