Од ДУИ вечерва потврдија дека Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба која ја свика Мицкоски.

Засега, без детали каков ќе биде ставот на Ахмети за техничката влада. Пратеничката Зендели кажа дека останува до утре Ахмети да размисли каков став ќе даде.
За ставот за укинување на техничка влада, тоа останува ексклузивно право на претседателот да одлучи, кажа Зендели.
ОД поканетите на василичарската лидерска средба останасамо Филипче да остане на страна. Тој во страрт кажа дека не сака со криминалци да седи на иста маса, а најмалку да разговара за укинување на пржинската техничка влада.
Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од коалицијата „Вреди“, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.
Левицата најави дека прифаќа да се укине техничката влада, но само ако се воведе една изборна единица, а пратеникот Амар Мециновиќ вчера на прес-конференција во Собранието информира дека Левицата ќе присуствува на најавената лидерската средба.
– Како парламентарна партија, која една и пол година се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог – изјави Мециновиќ.
Лидерската средба ја поздравија и ЛДП и ДОМ. , ќе одат , а нивните очекувања се дека ќе ги сменат темите.




