Основното јавно обвинителство од Гевгелја бара притвор за синот од Богданци кој ја уби својата мајка. Притворот се бара поради можност за бегство или влијание врз сведоци.
Основното јавно обвинителство од Гевгелија денеска излезе со детали за убиството. Во станот каде живееле под закуп, мајката и синот почнале расправија околу лекувањето на осомничениот и тој во еден момент земал нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот, а бидејќи ножот се скршил посегнал по ножици и со нив продолжил да и задава удари. Откако и тие се скршиле, земал друг нож со кој ја прободел во вратот.




