дома Македонија Онлајн измами за игри на среќа на социјалните медиуми

Онлајн измами за игри на среќа на социјалните медиуми

На социјалните мрежи масовно циркулираат онлајн измами за игри на среќа, предупредуваат од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа.
Измамите се пласираат на македонски и англиски јазик.
                                                            Сакаме јасно да ставиме до знаење дека казината „Фламинго“ (Гевгелија и Скопје), „Гранд Казино Адмирал“, „Луксор“, како и автомат клубовите „Астра“, „Адмирал“, „Апекс“, „Моцарт“ и „Спортлајф“ НЕ приредуваат онлајн игри на среќа согласно македонското законодавство за приредување игри на среќа! Лажните вести, кои измамнички го рекламираат спротивното се обид за злоупотреба на корпоративен углед на нашите членки. Оттука, добронамерно им препорачуваме на нашите посетители да се информираат од официјалните комуникациски канали на нашите членки, велат од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа.
Информираат дека од нивна страна се преземени сите неопходни законски дејствија за заштита на брендовите и очекуваат од државните институции да ги преземат потребните чекори за спречување на ваквите појави.

ПредходнаПијан битолчанец предизвикал сообраќајка во која има повредени лица
СледнаСДСМ: Сакаат да ја укинат техничката влада за да не им се открие криминалот