Левица нема никаков проблем за да се укине техничката влада. Лидерот на партијата Димитар Апасиев пред денешната лидерска средба изјави дека за ние таа е бирократски остаток од едно друго време.
Кажавме дека немаме никаков проблем да ја укинеме зашто сметаме дека е бирократски остаток од едно време кога Македонија беше третирана како протекторат и оттука ни е сеедно дали се ДПМНЕ или СДСМ на власт. Ние секако “го јадеме стапот”, изјави Апасиев.
На укинување на техничка влада инсистира ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека таа го надминала времето и причините поради кои создадена. СДСМ е против укинување со образожение дека ВМРО-ДПМНЕ не сака во министерствата да има министри од опозицијата за да не се откријат направените криминали.




