Русија е отворена за мировни преговори за Украина, но разговорите за прекин на огнот пред целосен мировен договор едноставно не се сериозни, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, според Ројтерс.
На прашањето за информациите на „Блумберг“ дека претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, сакаат да патуваат во Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров одговори дека Путин постојано изјавува дека е отворен за сериозни дискусии за мир во Украина.
Според него , би било корисно Вашингтон да ја информира Москва за најновите мировни предлози за Украина.




