дома Локално Граѓанска иницијатива „Стоп за Усје“ најавува нова блокада во Скопје

Граѓанска иницијатива „Стоп за Усје“ најавува нова блокада во Скопје

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ повторно повикува на протест поради континуираното загадување и институционалното молчење.

Иницијативата најави граѓанска блокада во среда, на 21 јануари, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во правец кон Усје.

„Затоа што воздухот нема да се исчисти сам! Дојди на блокада!“, велат од граѓанската иницијатива.

Вакви блокади и протести се организираа и минатата година, а граѓаните имаат една цел – да се престане со континуираното загадување и труење на жителите на Скопје предизвикано од Цементарниц Усје.

ПредходнаУтринска магла и ветер од западен и северозападен правец
СледнаЧетири собраниски комисии денеска ќе расправаат за нови закони, заеми и социјални реформи