дома Македонија Обвинителството бара да се повика на одговорност Мустафа Хајрулахи

Обвинителството бара да се повика на одговорност Мустафа Хајрулахи

Јавното обвинителство на РСМ бара од Адвокатската комора да го повика на одговорност Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото скопско обвинителство кој сега работи како адвокат за неговите наводи изнесени во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија најостро реагира на неетичкиот и непрофесионален јавен настап на адвокатот Мустафа Хајрулахи во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа од 14.01.2026 година. Ви укажуваме дека во споменатата емисија од страна на лице кое извршува функција адвокат беа изречени бројни клевети, лични навреди и невистини за одредени јавни обвинители, како и за состојбите во Јавното обвинителство, а со тоа е нанесена штета на угледот на јавнообвинителската институција во целина, стои во преставката поднесена до претседателот на Адвокатската комора.

Јавното обвинителство во целост ги отфрла наводите од Хајрулахи како неосновани и како обид за лична дискредитација и директно нарушување на уставно и законски гарантираната самостојност на јавните обвинители и на обвинителството.

– Ваквиот јавен настап е спротивен на општиот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите кој им забранува на адвокатите да се рекламираат и да бараат личен публицитет на недостоен начин, што вклучува и изнесување невистини и навреди на лична основа кон професионалци и кон други државни органи. Ваквите напади и обиди за дискредитација се спротивни и на општиот принцип број 1 од Кодексот за професионална етика на адвокатите со кој адвокатот не смее да дозволи неговите лични интереси да влијаат врз неговата независност, велат од Државното јавно обвинителство.

ПредходнаПретреси на повеќе локации за даночно затајување, повеќе детали се најавуваат за утре
СледнаНема договор за Народниот правобранител. Неговиот избор останува блокиран во Собранието