Неофицијално, повеќе од 10 лица се уапсени во големата полициска акција што од вчера се спроведува на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување.

Според неофицијалните информации, меѓу приведените има вработени во Управата за јавни приходи, поранешни пратенички од СДСМ, сопственик на бензински пумпи, како и сопруга на познат доктор.
Сите овие информации засега остануваат непотврдени.
ПОвеќето медуми имаат различни информации.4news објави дека, наводно, меѓу уапсените се и поранешни пратенички на СДСМ, сопственик на бензински пумпи и сопруга на познат доктор.
Според информации на ТВ Сител, меѓу приведените се и сопственици на фирми. Осомничените, наводно, одобрувале поврат на ДДВ за фирмите на кои поврат не им следувал. За возврат, неофицијално, фирмите потоа на осомничените им испорачувале и до 20% од добиената сума.
„Да не се шират дезинформации, нема звучни имиња, особено не конзули, пратеници и амбасадори. Да заврши акцијата и ќе има официјални и издржани информации“.
Се чека официјално соопштение од надлежните институции во врска со наводите, во текот на денот.




