дома Македонија Политика Нема договор за Народниот правобранител. Неговиот избор останува блокиран во Собранието

Нема договор за Народниот правобранител. Неговиот избор останува блокиран во Собранието

Нема договор околу изборот на Народен Правобранител и отпаѓа опцијата утре пратениците да гласаат за негов избор. За ДУИ е неприфатливо да биде избран номинираниот Фатон Сељами кој доаѓа како предлог од власта. Треба да продолжат разговорите меѓу партиите и да се изнајде едно решение прифатливо за сите.

Ова   го изјави генеталниот секретар на ДУИ Арбер Адеми, гостувајќи во емисијата „Анализа“ на ТВ 24. На тој начин потврди дека нема да оди лесно изборот на Омбудсманот по најавите што доаѓаа по завршувањето на вчерашната лидерска средба , а кои како готова работа го опишуваа чинот на гласањето во Собранието.  Адеми рече дека не се согласиле со предлогот ставен на маса на лидерската средба – ДУИ да го обезбеди бадентеровото мнозинство за изборот на Сељами, а по шест месеци тој самиот да се повлече. “Немаме договор за такво нешто. Народниот правобранител е многу значајна институција и уставна категоријаи неа треба да ја водат кредибилни луѓе, кои може да се  најдат на листата од останатите пријавени на последниот конкурс. Власта настапи со предлогот во стилот – земи или остави, а ние таков ултиматум не прифаќаме. ДУИ е отворена и натаму за искрен дијалог преку кој ќе се стигне до потребниот консензус. Разговорите меѓу партиите треба да продолжат за да се изнајде решение“, потенцираше Адеми.

Според брифинзите, на лидерската била понудена опцијата ДУИ да обезбеди Бадентерово мнозинство за Сељами да биде избран за народен правобранител, а по половина година тој самиот да се повлече и да се распише нов оглас за избор на омбудсман. Но, ДУИ сега се повлече од начелниот договор.

ПредходнаОбвинителството бара да се повика на одговорност Мустафа Хајрулахи
Следна16-годишник прегази пешак во Скопје