дома Свет Полска привремено ги затвора аеродромите за цивилни летови

Полска привремено ги затвора аеродромите за цивилни летови

Аеродромите во Жешов и Лублин во источна Полска привремено ги прекинаа цивилните операции за да овозможат непречено движење на воените авиони, објави Полската агенција за услуги за воздушна навигација (PANSA).


„Во врска со потребата да се обезбеди слобода на дејствување за воената авијација, аеродромите во Жешов и Лублин ги прекинаа летовите“, соопшти PANSA.
Русија го нападна Киев синоќа со балистички ракети и беспилотни летала, предизвикувајќи пожари во инфраструктурните објекти, објавија украинските власти.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека како резултат на рускиот напад на левиот брег на градот, дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода, објави УНИАН,

ПредходнаПочина модниот дизајнер Валентино
СледнаСтратува второто полугодие за учениците