дома Свет Балкан Србија ќе ги реновира воените гробишта на Кајмакчалан, Северна Македонија

Србија ќе ги реновира воените гробишта на Кајмакчалан, Северна Македонија

Планирана е целосна реконструкција на меморијалниот комплекс посветен на српските војници на Кајмакчалан во Северна Македонија. Планирана е и реконструкција на спомениците во Вито и Зејтинлик (во Грција).

Ова го изјави српската министерка за труд, вработување, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, објави телевизијата Н1. 

„Ова е голем национален потфат, бидејќи Србија која се сеќава на своето минато е Србија која го трасира патот кон својата иднина“, рече Стаменковски.

Бугарската агенција БГНЕС  пишува дека во 1915 година, српската армија била поразена од бугарската армија и принудена да се повлече на островот Крф. Таму, со француска помош, била реорганизирана и повторно вклучена во воени операции против Бугарија на Солунскиот фронт. Една од нејзините први битки била на планината Кајмакчалан, која Србите успеале да ја освојат, предизвикувајќи огромен број жртви – над 5.000 војници и офицери. И покрај високата цена што ја платила Србија на Кајмакчалан, таа не успеала да ја развие својата офанзива и да добие вредна стратешка предност над Бугарија. Според истиот извор во времето кога се водела битката кај Кајмакчалан, Македонија  била дел од Кралството Бугарија. Нејзините синови се бореле рамо до рамо со своите бугарски браќа од старите земји во 11-та Македонска дивизија против српскиот окупатор. Нема докази дека локалното население се борело на страната на Србите пишува БГНЕС.

ПредходнаГодинава ќе има парламентарни избори – убедени се во СДСМ
СледнаДанска го бојкотира форумот во Давос поради спорот со Трамп за Гренланд