Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2 денари со што се врши зголемување на малопродажните цени во просек за 2,46 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика одлучи Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство да поскапат за денар ипол, а дизелот за два денари.
За 0,854 денари за килограм се зголемува и цената на мазутот кој ќе се продава по цена од 32,987 денари.




