дома Свет Коста: ЕУ ќе се брани од секаков вид принуда, ќе го заштити...

Коста: ЕУ ќе се брани од секаков вид принуда, ќе го заштити меѓународниот поредок

Европската Унија ќе се брани од секаков вид принуда и ќе го заштити меѓународниот поредок и меѓународното право засновани на правила, изјави денес претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Коста.

 

„Подготвени сме да се браниме себеси, нашите земји-членки, нашите граѓани, нашите компании, од секаков вид принуда. А Европската Унија има моќ и алатки за тоа“, рече Коста во говорот пред Европскиот парламент, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека ЕУ „не може да прифати дека законот на најсилниот преовладува над правата на најслабиот“.
„Бидејќи меѓународните правила не се опционални. А сојузите не можат само да се сведат на низа трансакции“, додаде Коста.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани дека ќе воведе царини од 10% од 1 февруари за стоки од Велика Британија, Норвешка и шест земји од ЕУ вклучени во арктичките воени вежби во Гренланд, кои ќе важат додека не се постигне договор за купување на Гренланд од страна на САД. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во Давос изјави дека европскиот одговор на царините ќе биде „непоколеблив, обединет и пропорционален“.

ПредходнаНајмногу снег на Шапка, најстудено во Маврово и Берово
СледнаЗeмjи ĸoи ĸyпилe нajмнoгy ĸинecĸи пaмeтни тeлeфoни вo 2025 гoдинa