Утрово Скопје осамна под снег, но улиците како и секоја година, така и оваа останаа неисчистени. Сообраќајот се одвива отежнато, а на одредени сообраќајници возилата едвај се движат.
И додека граѓаните на социјалните мрежи се жалат на неисчистени улици, од Град Скопје информираа дека нивни екипи се на терен постојано од раните утрински часови и дека интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите.
– Со цел навремена и ефикасна реакција, Кризниот штаб е активен 24 часа дневно со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки, стои во објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.




