дома Македонија Економија Во среда ССМ излегува на протест

Во среда ССМ излегува на протест

Во среда од 17 часот, Сојузот на синдикати излегува на протест барајќи исполнување на барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра и 100 евра зголемување на сите останати плати. Одлуката ја донесоа денеска највисоките тела на ССМ. Трендот на ниски плати е неодржлив во Македонија, велат од ССМ.                                                 – Време е да се избориме за достоинствени плати. Ги побикуваме работниците да ни се приклучат затоа што сега е шансата да покажеме дека не само на неколку им е потребно зголемување на платата. Седејќи дома покажувате дека нема потреба за зголемување на платите. Време е работмиците да сфатат дека само заедно можеже да се избориме, рече претседателот на ССМ, Слободен Трендафилов. Од ССМ посочуваат дека животните трошоци секојдневно растат, а само за еден месец од декември до јануари вредноста на синдикалната кошничка е зголемена за околу 900 денари. Доколку не се исполнат ваквите барања, извесно е дека е биде организиран генерален штрајк и да се соберат 10.000 потписи за да бараат законски измени за зхолемување на платите. Протестот ќе започне од ССМ, преку Собранието и Стопанската комора до Владата.

ПредходнаСтарата порака на Викторија Бекам до Никола Пелц стана вирална: „Најдобрата снаа“
СледнаЕвропска комисија: Фон дер Лајен и Трамп нема да се сретнат во Давос