Противпожарен аларм се вклучи во Конгресниот центар во Давос во среда за време на Светскиот економски форум, додека американскиот претседател Доналд Трамп беше во зградата, објави денес швајцарската новинска агенција Keystone-SDA.
Портпаролот на кантоналната полиција Граубинден изјави за новинската агенција дека до вчера вечерта не се знаело точно каде избувнал пожарот, што го активирало алармот, пренесува Анадолу.
Според соопштението, Трамп бил во зградата во времето на инцидентот, каде што претходно одржал говор.
Полицијата соопшти дека нема пријавени повредени и дека пожарникари, полиција и брза помош биле распоредени поради високите безбедносни мерки што го придружувале настанот.




