НАЈАВАТА на американскиот претседател Доналд Трамп дека е постигната „рамка за иден договор“ со НАТО за Гренланд смири дел од тензијата, но во исто време отвори низа прашања и предизвика скептицизам кај сојузниците.

Неколку часа откако на Светскиот економски форум во Давос изјави дека нема да употреби сила за да го одземе Гренланд од Данска, Трамп изненади кога изјави дека, по разговорите со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е постигната рамка за можен договор. Тој, исто така, ја повлече својата закана за воведување нови тарифи за осум европски земји, со што ја ублажи кризата што се закануваше со сериозно преструктуирање во рамките на НАТО.
Сепак, неизвесностите остануваат. Руте синоќа за АФП изјави дека состанокот бил многу добар, но исто така нагласи дека „сè уште има многу работа пред нас“.
Скептицизмот произлегува и од фактот дека НАТО нема мандат да преговара за суверенитет или сопственост над територијата на една земја. Самиот Трамп не прецизираше што точно е договорено, изјавувајќи за CNBC дека станува збор за „сложен“ договор што ќе биде објаснет подоцна.
Доколку тензиите околу Гренланд навистина се намалат, европските лидери би можеле повторно да се фокусираат на војната меѓу Русија и Украина, која се приближува кон својата петта година. Руте вчера во Давос изјави дека Украина треба да биде „приоритет број еден“.
Наводниот „договор“ на Трамп за Гренланд не е вистински договор, туку маневар за повлекување по неуспехот, велат дипломатите. Целата ситуација предизвика сериозна штета на трансатлантските односи. Сериозни штети и сериозни пораки и престројувања на европските лидери.




