Жителите на Гренланд на социјалните мрежи се потсмеваат на таканаречената „американска култура“ во видео кое стана вирално поради растечките тензии околу иднината на островот и плановите на Трамп да го преземе.
Вирално видео
Во видео објавено на профилот на TikTok @pov_fromarctic, кој редовно споделува содржини за животот на Гренланд, две лица го имитираат таканареченото „Фентанил преклопување“, поза карактеристична за зависниците од опиоиди кои стојат превиткани во половината.
Авторот го насловил видеото „Запознавање со американската култура на Гренланд“, а до моментот на пишување на овој текст, е прегледано повеќе од 12 милиони пати. Делот за коментари стана место за исмејување на Соединетите Американски Држави, при што учествуваат и американски граѓани.
Поделени реакции
„Како Американка, велам дека ова е злато. Почекајте, Гренландци! Не го сакаме ни нашиот претседател“, нејзиниот коментар доби повеќе од 40.000 лајкови. „САД се и секогаш ќе бидат шега за остатокот од светот“, гласеше друг коментар кој собра над 50.000 лајкови, додека некој напиша: „Како Американка, не знаев дека Гренландците имаат такво чувство за хумор. Браво, продолжете така“, за што доби повеќе од 140.000 лајкови.
Сепак, не сите го сметаа за смешно. „Неверојатно е дека покрај Трамп, тие би избрале да се потсмеваат на зависниците што страдаат“ и „Никој не треба да се смее на ова“, беа некои од коментарите.




