дома Македонија Економија Групација за производство на цигари: Со законот загрозена егзистенцијата на малите и...

Групација за производство на цигари: Со законот загрозена егзистенцијата на малите и семејни бизниси

Законот за заштита од пушење ќе создаде правна неусогласеност, поттикнување на нелегалната трговија и удар врз малите и средни бизниси. Загрозена ќе биде егзистенцијата на повеќе од 4.000 малопродажн места од кои голем дел се мали и семејни бизнис, предупредува Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора.
– Забраната би предизвикала сериозни финансиски последици врз малите семејни бизниси (тобака, мини маркети), намалена продажба но и поттикнување на елегалната трговија, предупредува Групацијата.
Групацијата смета дека е потребна темелна доработка и усогласување на нацрт законот со македонската економска реалност.
– Нацрт законот е направен според словенечкиот модел, но тој не може да биде применлив во земјава, пред се бидејќи двете држави се разликуваат по многу параметри: во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура чие одглдување, производство и откуп се стимулирани од државата, имено во историски најголем обем на откуп и цена. Во земјава активно работат две фабрики за производство на тутунски производи кои придонесуваат со голем удел во приходите на државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат неколку стотини македонски граѓани, велат од Групацијата.
Законот, велат оттаму, треба да се донесе по сериозни и сеопфатни консултации со сите засегнати страни.

ПредходнаПетмина тинејџери повредени во тешка сообраќајна несреќа во Кочани
СледнаПотврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот