дома Македонија Политика Со 81 глас донесен Законот за „Безбеден град“, oд први казни!

Со 81 глас донесен Законот за „Безбеден град“, oд први казни!

Со 81 глас ЗА Собранието на Македонија денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоците, со што конечно треба да започне примената на системот „Безбеден град“. За усвојување беше потребно двотретинско мнозинство. Но, во меѓувреме е побарано и поединечно гласање.И по  поединечкото гласање, законот помина

 

Со стапувањето во сила на измените, „Сејф сити“ ќе почне да функционира во Скопје, Куманово и Тетово, како и на делници од Коридорите 8 и 10, каде досега камерите работеа пробно и испраќаа само опомени.

 

Од МВР најавуваат дека од 1 февруари 2026 година ќе започне и санкционирање на сообраќајните прекршоци, а до крајот на годината системот ќе биде проширен на целата држава.

Предходна„БЕКУТАН“ детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба и глобална визија отсега достапна и во „ЛИДЛ“, Франција
СледнаФатон Сељами од Тетово избран за народен правобранител