дома Бизнис Потрошувачите се почесто купуваат намирници преку интернет

Потрошувачите се почесто купуваат намирници преку интернет

Германските потрошувачи сè повеќе нарачуваат производи за секојдневна употреба, како што е храната, на нивната домашна адреса. Минатата година, обемот на онлајн нарачки порасна за повеќе од 10 проценти, според извештајот на институтот за трговски истражувања IFH со седиште во Келн.

 

Така, оваа гранка расте повеќе од двојно побрзо од целата онлајн трговија. Поголемиот дел од растот е поврзан со прехранбените производи, кои сочинуваат повеќе од половина од онлајн приходите во овој сектор.

Во 2025 година, нето-прометот од продажба на храна значително надмина шест милијарди евра за прв пат. Производите за секојдневна употреба вклучуваат лична хигиена и козметика, производи за аптеки, опрема за домашни миленици, како и вино и пенливи вина.

Речиси секој втор жител на Германија повремено или редовно купува производи за секојдневна употреба преку интернет, според анкетата на институтот YouGov.

Еден дел, поточно 15 проценти, нарачуваат еднаш неделно или почесто, 21 процент неколку пати месечно и 27 проценти еднаш месечно. Во јули, JuGav анкетирал нешто повеќе од 2.000 возрасни граѓани.

Најважните предности на онлајн купувањето се практичноста и доставата до дома, што ги истакнале 60 проценти од испитаниците, како и заштедата на време, што ја споменале 47 проценти.

42 проценти избегнуваат да одат во продавница, а 36 проценти се пожалиле на гужви. Исто така, пониските цени и поголемиот избор играат улога за 35 и 34 проценти од потрошувачите, соодветно.

Најголемите услуги за достава на храна во Германија се Picnic и Rewe.

ДПА

ПредходнаДали Германците, по Данците ,ќе ги бојкотираат американските производи поради Гренланд?
СледнаВремето магливо со најмногу снег на Шапка