дома Локално Времето магливо со најмногу снег на Шапка

Времето магливо со најмногу снег на Шапка

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со појава на магла претпладне по одделни котлини. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 8 и 12 степени, додека во Скопје се очекува до 7 степени, со магла претпладне и сончеви периоди попладне.

Минималните утрински температури се спуштија под нулата во повеќе места: најстудено беше во Берово со –4 степени, потоа на Попова Шапка и во Крива Паланка со –3, додека –2 се измерени во Пожаране и Тетово. Во Скопје утрото донесе –1 степен на Петровец и Зајчев Рид, а околу нулата се движеше температурата во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Кавардарци и Прилеп. Позитивни минимални вредности се измерени во Крушево, Штип, Охрид и Виница, а најтопло утро имаше Струмица со 3 степени.

Попова Шапка утрово измери најголема снежна покривка во земјава, со 30 сантиметри снег до 7 часот. Значителна снежна обвивка е регистрирана и на Маврови Анови со 11 сантиметри, како и во Крушево со 4 сантиметри.

 

ПредходнаЖива и сребро во каналот кај Таор: Отпадните води од четири општини повторно го разоткрија системскиот еколошки проблем
СледнаТрајановски: Шилегов и Деспотовски напаѓаат со цел „стани ти да седнам јас“