дома Македонија Политика ССМ на 28. јануари излегува на протест

ССМ на 28. јануари излегува на протест

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари. Порача дека е време работниците да се изборат за достоинствени плати.

-Го повикуваме сите работници кои ги лажеле нивните газди, директори, менаџери, премиери, министри, дека ќе им ги зголемат платите, а не го сториле тоа, да ни се придружат на улица затоа што тие до 31.12 не се договорија за тоа и со потсмев им кажаа на работниците да седнат со газдите и да се договорат. Повикуваме на протест затоа што прагот на сиромаштија е 31 илјада и 200 денари. На секој еден работник му е потребно зголемување на платата, ама не за 25 евра како што се функционерите се фалат дека ќе ги усогласат платите, ама не сега, туку во март, кажа Трендафилов на прес-конференција.

Тој укажа дека „седењето дома дава поддршка на политиката на ниски плати и тежок работнички живот“. Трендафилов најави дека ова е првиот чекор од низата во наредниот период, а кои ќе значат: „дополнителни протести и блокади, генерален штрајк во јавниот сектор, а доколку немаат слух ќе им собереме и 10 илјади потписи и ќе станеме овластен предлагач на законите – ќе побараме намалување на функционерските плати за 78% и зголемување на минималецот на 600 евра“.

ПредходнаДали Американците користеле тајно оружје во Венецуела, кое Трамп го нарекува дискомбобулатор ?
СледнаРоби Вилијамс го собори рекордот на Битлси на британските топ-листи