Тргнале да фрлат ѓубре после 22 часот, инспекторите ги фатиле на дело, па се вратиле дома со казна од 50 евра. Во ваква ситуација се нашле над 60 граѓани откако е воведена забраната за фрлање ѓубре во вечерните часови до шест наутро. Помина периодот на опомени и адаптација, инспекторите веќе казнуваат.
Градоначалникот на Град Скопје е задоволен од мерката. Вели дека со неа се воспоставило ред во градот. Сепак сликата е поинаква , контејнерите на главните булевари се празни, но во споредните учици ,контејнери се преполни.
Статистиката на Град Скопје покажува дека инспекторите за животна средина во последните три месеци извршиле над 45 вонредни контроли во кругот на ОХИС, Стаклара и општина Сарај. Напишани се казни од 1.000 до 53.000 евра.
Казнети се и одговорни лица со по 3.000 евра, како и физички лица со 250 до 500 евра за неправилно одлагање и палење отпад.
Комуналната инспекција спровела 240 контроли на градилишта низ Скопје, кои резултираа со 25 опомени и 11 казни од по 1.300 евра.




