Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, пристигна во Кина на средба со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји , објави Ројтерс.

Двајцата ќе разговараат за променетата ситуација во областа на меѓународната и регионалната безбедност.
Посетата на Шојгу се совпаѓа со неодамнешните разговори меѓу претставници на Русија, Украина и САД, со цел да се стави крај на речиси четиригодишниот конфликт меѓу Русија и Украина.
Претходната средба меѓу Шојгу и Ванг Ји беше во декември 2025 година во Москва.




