дома Локално Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во текот на денот врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во понеделник наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во четврток и петок. Дневната температура од вторник ќе биде во пораст.

ПредходнаОд денеска или примерно возење или казни- стартува „Безбеден град“!
СледнаЦрна Гора: Специјалното државно обвинителство бара притвор за судиката Весна Меденица