Данските ракометари ја освоија титулата европски шампиони, откако вечерва на домашен терен во Хернинг ја победија Германија со 34:27 (18:16) во финалето.

Данците стигнаа до својата трета титула, прва по Белград 2012, и го повторија подвигот на Французите со обединување на европските, светските и олимписките титули.
Најефикасен играч во финалето беше Симон Питлик со осум гола, додека Матијас Гидсел и Јохан Хансен постигнаа по седум.

За Германците, Јоханес Гола, Марко Гргиќ и Јури Кнор постигнаа по пет гола.
Хрватската ракометна репрезентација го освои бронзениот медал на Европското првенство откако го победи Исланд со 34-33 (17-14) во натпреварот за 3-то место во Хернинг




