дома Локално Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево, на...

Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево, на коловозите на повисоките места остатоци од кашаст снег

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека,Стража и Маврово, и на патниот правец во околина на Кочани. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар и намалена видливост поради магла од 20-30 метри во околина на Крушево. Сите патни правци се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПредходнаНајголемата ноќ во музиката, Греми 26: Bad Bunny ја освои наградата за историски албум на годината, Кендрик Ламар руши рекорди, а Трамп најавува тужби
СледнаВо мејловите на Епштајн пронајдени информации за мозоци од Македонија замрзнувани и носени во САД