дома Uncategorized МНР Србија: Сè поголемо прикажување на симболи од Втората светска војна во...

МНР Србија: Сè поголемо прикажување на симболи од Втората светска војна во Хрватска

Српското Министерство за надворешни работи изрази сериозна загриженост за она што го нарече ново и сè поголемо прикажување на симболи и пораки поврзани со идеологијата од периодот на Втората светска војна што предизвика масовно страдање на српскиот, ромскиот и еврејскиот народ, како и антисрпски графити што неодамна беа забележани во Хрватска, вклучително и градот Загреб, откако хрватската влада организираше прием за хрватските ракометари на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб во понеделник, на кој настапи хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон, кој пропагира усташизам во своите песни, додека во публиката можеа да се видат знамиња со првото бело поле на шаховската табла и шалови со усташкиот поздрав „За дом спремни“.


Јавните настани и собири не треба да станат полигон за нагласување на пораки за омраза, историски ревизионизам и нетолеранција, туку можност за промовирање на меѓусебно почитување и толеранција, објави српското Министерство.
„Министерството за надворешни работи на Република Србија верува дека трајната стабилност и меѓусебната доверба во регионот можат да се изградат исклучиво преку отворен и одговорен дијалог, меѓусебно почитување и внимателен став кон сложените страници од нашата заедничка историја, и дека Република Хрватска, како земја-членка на Европската Унија, треба да игра значајна улога во промовирањето на овие принципи и во придонесот кон атмосфера на разбирање, толеранција и подобрување на добрососедските односи“, се вели во соопштението.

Вчера, хрватската Влада на телефонска седница одлучи да ја преземе организацијата на пречекот на ракометната репрезентација, со песни од Марко Перковиќ Томпсон,според некои ,  еден од најголемите промотори на усташкото движење, чиј настап на јавни места под нејзина надлежност беше забранет од градските власти кон крајот на минатата година.

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека одлуката за пречек на хрватските ракометари организирана од Владата на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб е неуставен, нелегален и пиратски чин, чие усвојување нема апсолутно никаква правна основа.

Косор: Ситуацијата околу пречекот на ракометната репрезентација е без преседан во историјата на Хрватска

 

Хрватскиот ракометен сојуз синоќа претходно го откажа приемот организиран од Градот Загреб, бидејќи градските власти не го исполнија барањето на ракометарите да настапи Томпсон, на кого му беше забрането да настапува во Загреб поради усташкиот поздрав „ За дом Спремни“.

ПредходнаНевообичаено обилни снежни врнежи во Јапонија однесоа 30 животи
СледнаШтрајк на таксистите во Атина и Солун