дома Македонија Економија Трендафилов: Ако Владата не тераше инает минатата година, сега ќе имавме поголеми...

Трендафилов: Ако Владата не тераше инает минатата година, сега ќе имавме поголеми плати

Егото на еден претставник на Владата е причина за незголемување на работничките плати, пишува денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов откако вчера на неговиот повик во ССМ не се појави премиерот Христијан Мицкоски.

Трендафилов посочува дека минатата година работодавачите биле подготвени да ги зголемат платите на работниците за најмалку 6000 денари, ако Владата времено се откажела од продонесите.

– Доколку минатата година не тераа инат, олеснувајќи го притисокот кон работодавачите за делот на придонесите, денеска работниците ќе имаа за 6000 денари зголемување на нивните плати, а по истекот на временскиот период за кој работодавачите бараат олеснување, сега ќе почнеа со уплата на придонесите за така згоменете плати, со што на месечно ниво ќе се слеваа над 10 милиони евра во буџетот, а на годишно ниво над 120 милиони евра, но веројатно некој во владата мисли дека подбро е да се задолжува и да зема кредити кои ги ќе исплаќаат следните поколенија, пишува Трендафилов на Фејсбук.

Трендафилов ги повикува бизнисмените да ја прифатат подадената рака на работниците и да ја натераат Владата да застане на страната и на бизнисот и на работниците.

Следните чекори на ССМ се блокади, протести и генерален штрајк.

 

ПредходнаНајмногу снег на Попова Шапка
СледнаНови документи на ФБИ: „Епштајн бил менаџер на средствата на Владимир Путин“