Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пристигна во Киев и одржа говор во Врховната Рада, објави Укринформ.
Првиот заменик-претседател на Парламентот, Александар Корниенко, го најави говорот на Руте, нагласувајќи дека неговата посета покажува силна поддршка за Украина и испраќа јасна порака за единство.
„Голема чест ми е што денес сум со вас во самото срце на жива, демократска Украина. Украинската нација се бори многу силно и храбро. Вие сте претставници на овој народ, кој продолжува да работи дури и во услови на секојдневни бомбардирања“, рече Руте од говорницата на Врховната Рада.
Руте последен пат ја посети Украина во април минатата година, кога, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја посети воената болница и Преображенската катедрала во Одеса, која беше оштетена од руското гранатирање.




