дома Свет Балкан Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Експлозивна направа била фрлена врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, предизвикувајќи голема материјална штета, дознава Танјуг.

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени.

Се сомнева дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот засега е непознат. Дежурниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград пристигна на местото на настанот, каде што работи со полицијата за да ги утврди сите околности на нападот.

Предходна585 возачи фатени преку Сејф сити дека возеле побрзо од дозволеното
СледнаСите споделуваат видео од пингвин старо 20 години. Зошто?