дома Македонија Економија УЈП почна со исплата на МојДДВ

УЈП почна со исплата на МојДДВ

Управата за јавни приходи информира дека е почната исплатата за скенираните фискални сметки за последното тримесечје од 2025 година.
Според УЈП, треба да бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“.
Како што информираат, досега се обработени налози на 104.000 корисници и исплатени 184,5 милиони денари, а 5.292 корисници, кои скенирале фискални сметки, имаат внесено погрешна трансакциска сметка поради што не може да се реализира исплатата.                       Директорката на Управата за јавни приходи во телевизиско гостување рече дека проектот „Мој ДДВ“ не ги дава очекуваните резултати по што во јавноста се отвори дилема дали се најавува негово укинување. Надлежните потоа ги демантираа ваквите информации.

ПредходнаШто пишува на емотиконот 📃 откри, луѓето не можат да поверуваат
СледнаПочнуваат блокадите на ССМ, работниците ќе ги блокираат Собранието, Владата и бизнисмените