дома Култура „Божествена рапсодија“ на лица со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“

„Божествена рапсодија“ на лица со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“






На малата сцена во Македонскиот народен театар лицата со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“ – Скопје синоќа изведоа своја музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“.

Здружението „Трисомија 21“ соопшти дека во претставата, реализирана во соработка со „Колектив Ветерница“, биле изведени македонски народни и забавни мелодии.

„Со музичкиот  аранжман се експериментираше и беше успешно прилагоден на можностите на овие лица. Со ова сакаме да покажеме дека уметноста може да биде алатка за интеграција во општеството, социјализација  и подобрување на животот на лицата со Даунов синдром и дека и тие можат да застанат на „штиците кои живот значат“  и имаат што да покажат“, соопшти „Трисомија 21“. 

Извор: nezavisen.mk

– Реклама –








ПредходнаОдбележан Денот на Општина Гостивар
СледнаМакедонска филхармонија со два новогодишни концерти