Со манифестација исполнета со културно-уметничка програма и доделување на благодарници, вечерва беше одбележан Денот на Општина Гостивар, 23 декември. Пред присутните гости со свои изведби се претставија ученици од повеќе гостиварски училишта, а беше прикажана и кратка видео презентација од сработени инфраструктурни проекти.
Заследете нѐ на Телеграм
Во своето обраќање, меѓу другото градоначалникот Арбен Таравари рече:
„Се обврзавме дека ќе се вложиме максимум да ги подобриме условите во секој сфера, сме направиле се‘ во рамки на нашите можности, би сакал да им се извинам на сите на кои барањата не сме можеле да ги исполниме. Со овој мандат завршува мојата мисија како градоначалник, за следните избори категорично ќе одбијам да се кандидирам повторно. Во еден краток, но транспарентен преглед на дел од нашата работа би напоменал дека образованието ни беше важен фокус. За изградба на градинки, основни и средни училишта се инвестирани 960 илјади евра. Што се однесува до патиштата, асфалтиравме околу 12,5 километри, изградивме водовод и канализација 11,2 километри. Во здравството и социјалната заштита реализиравме проекти на кои се гордееме. Би сакал да ви се заблагодарам на сите, секој од вас го пополнува мозаикот на мојот град, да живее Гостивар“.
На свеченоста благодарници им беа доделени на спортски клубови, хуманитарни здруженија и младински центри.
Годинава за почесен граѓанин беше прогласена учителката Лирие Исмаили, која го доби симболичниот Клуч на градот.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“| МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ |Гостинка:Благица Димитровска