дома Култура Засилени контроли на патиштата кон Маврово и Шапка, апел до возачите за...

Засилени контроли на патиштата кон Маврово и Шапка, апел до возачите за поголема одговорност






На зимските туристички центри Попова Шапка и Маврово стартуваше новата скијачка сезона, со што забележително се зголеми вкупната динамика од возила и луѓе, особено за викендите, кога и најмногу се посетувани двата центри. За да се избегнат поголеми сообраќајни мешаници и други несакани безбедносни проблеми, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до сопствениците на моторни возила целосно да го почитуваат утврдениот режим за паркирање и наредбите на полициските службеници.

Заследете нѐ на Телеграм

„На оние кои на Попова Шапка и Маврово ќе пристигнуваат со возила, исто така, им се советува да ги заклучуваат возилата и во нив на седиштата да не оставаат вредни предмети, паричници, мобилни телефони, чанти, очила за  сонце, лаптоп компјутери и слично. Возачите, уште еднаш се потсетуваат на постојната законска обврска задолжително да поседуваат зимска опрема, но и крајно одговорно да се однесуваат кон јавната чистота, односно да не ги фрлаат отпадоците каде ќе стигнат, туку во наменски поставените садови.“, стои во полициското соопштение.
На сопствениците на моторни санки, пак, им се укажува да се воздржат од возење по скијачките патеки, зашто  движејќи се по патеките можат да ја доведат во прашање сопствената и  безбедноста на скијачите и на другите присутни покрај патеките.
Секторот за внатрешни работи Тетово најави дека во текот на зимско-туристичката сезона ќе ги засили планираните превентивни и други активности на Попова Шапка и Маврово, со цел  навреме да се откријат и отстранат евентуалните безбедносни ризици и соодветно да ги санкционира прекршоците и прекршителите.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“| МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ |Гостинка:Благица Димитровска

Извор








ПредходнаМакедонска филхармонија со два новогодишни концерти
СледнаДневен хороскоп за недела, 24-ти декември 2023-та