дома Uncategorized Дедомразовска трка низ Скопје | NetPress

Дедомразовска трка низ Скопје | NetPress


Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска ќе ја организира традиционалната Дедомразовска трка во која учесниците облечени во црвени костуми на Дедо Мраз ќе трчаат низ улиците на Скопје.

Трката ќе почне во 12 часот пред „Скопје сити мол“. Патеката е долга два километри, а учесниците на различна возраст треба да се претходно пријавени НА веб-страницата www.prvdovrv.mk Тие добиваат целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

-Трката има забавен и натпреварувачки карактер и може да се пријават учесници од сите старосни групи. За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место, соопшти организаторот.

Пред и по трката ќе има музичка програма, загревање со фитнес-инструктор и церемонија на прогласување на победниците.



ПредходнаДневен хороскоп за недела, 24-ти декември 2023-та
СледнаПотона сплавот „Картел“ кај Белградскиот саем, евакуирани 30 лица