дома Македонија Црна хроника Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

  Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци.

На минатото рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката., а адвокатот Петре Шилегов, пред почетокот на минатото рочиште побара да се има предвид брифингот на ОЈО ГОКК за запирање на постапката за службени лица и за целисходност и економичност на постапката таа да се запре.

Обвинителот Борче Јанев укажа дека ЈО ги нема одлуките од брифингот на ОЈО ГОКК за запирање на постапката за полициските службеници, посочувајќи дека таквите одлуки подлежат на оценка од повисоките ЈО и дека со оглед на краткиот рок не се конечни.

Повеќемина обвинети, преку своите адвокати, ја оспорија основаноста на обвинението.   Сите останати обвинети изјавија дека не чувствуваат вина за делото што им се става на товар.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

ПредходнаМагла на патот Тетово – Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека
СледнаПочувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција