дома Популарно Ким Џонг-ун му вети помош на Путин во војната против Украина

Ким Џонг-ун му вети помош на Путин во војната против Украина

75

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, по разговорите и официјалниот ручек со рускиот претседател Владимир Путин, отпатува за Пјонгјанг.

Ким на денешната средба во рускиот космодром Восточни му вети на претседателот Владимир Путин помош во војната на Русија против Украина.

„Секогаш сме ги поддржувале и ќе ги поддржуваме сите одлуки на Путин и одлуките на руската влада. Се надевам дека секогаш ќе бидеме заедно во борбата против империјализмот и во изградбата на суверена држава“, посочи Ким.

Тој додаде дека е сигурен оти руската армија и народ ќе го победат „злото“.

Ким истакна и дека со Путин се договориле за понатамошно продлабочување на стратешката соработка.

Додека Путин најави дека Русија ќе ѝ помогне на Северна Кореја во изградбата на сателити.

Според аналитичарите и западните разузнавачки служби Русија сака да доби оружје и муниција од Северна Кореја. Пред сè, Русите сакаат артилериска и ракетна муниција. Според западните процени, руската артилерија истрелала околу 11 милиони гранати на украинското бојно поле. Со оглед на тоа дека можат да произведат околу милион гранати годишно, Русија се соочува со недостиг на муниција. Бидејќи Москва не може да набави оружје и муниција од Кина, која не сака дополнително да ги нарушува односите со Западот, Русија се сврти кон Северна Кореја.

Северна Кореја се подготвува за продолжување на војната против Јужна Кореја уште од потпишувањето на примирјето на 27 јули 1953 година, па нејзините магацини се полни, меѓу другото, со артилериска муниција токму од калибарот што и е потребен на руската армија. Тоа не е чудно бидејќи Северна Кореја се вооружуваше исклучиво со советско и кинеско оружје (кои беа копии на советските).

МИА

– Реклама –

ПредходнаПреку демократски алатки ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира новиот Законот за амнестија кој го подготви власта
СледнаВо Романија повторно пронајдени делови од дрон