Средношколците од СОСУ „Илинден“ добија 80 смарт таблети од Општината, со заложба, како што тврдат од Илинден, за модернизација на образованието и зајакнување на дигиталните капацитети на учениците.

Со користење на таблетите, учениците ќе имаат можност за полесен пристап до едукативни апликации, дигитални учебници и дополнителни наставни содржини и помагала, со што наставниот процес ќе стане поинтерактивен, поефикасен и прилагоден на современите трендови, велат од Општината.
Според, градоначалникот Александар Георгиевски, кои им ги предаде таблетите на учениците, развојот на дигиталните вештини кај младите е од клучно значење во услови на забрзана дигитализација. Тој најавува дека Општината и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон унапредување и осовременување на образовниот процес, со цел создавање подобри услови за учење, развој и напредок на младите генерации.




