дома Локално Облачно со повремен дожд, следната недела заладување

Облачно со повремен дожд, следната недела заладување

Променливото време со повремени врнежи од дожд ќе се задржи и денеска. Кон крај на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег.
Минималната температура, според УХМР, ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 9 до 14 степени.
Во Скопје, слично време со минимална температура до 5 и максимална до 12 степени.
Променливото време ќе се задржи и во следните денови, а од почетокот на следната недела поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

ПредходнаТрендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца
СледнаРаботниците денеска симболично ќе ja блокираат комората – работодавачите